Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема мерки и проекти за унапредување на образованието

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема мерки и проекти за унапредување на образованието

СДСМ потврди дека нема конкретни мерки и проекти што може да ги понуди во насока на унапредување на образованието. „Најголемиот експерт“ во образованието на СДСМ и денеска зборуваше за укинување и прекинување, што е само потврда на деструктивната политика која СДСМ ја води, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

„Во СДСМ не можат да се помират со фактот дека токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки и проекти за македонското образование да го издигне на ниво на европското. Таква мерка е и екстерното образование. Овој процес се имплементира во најголем број од земјите членки на Европската Унија и ОЕЦД. Тоа очигледно им е непознато на експертите во СДСМ кои се навикнати на системот во кој вредностите, знаењето и трудот не важеа за децата на функционерите и набогаташите на СДСМ, туку за нив функционираа врски и потплаќање. Ги разбираме социјалдемократите зошто се нервозни. Сега сите се еднакви и се оценуваат според нивните способности, а не според името и парите“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев е единствениот аболиран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, а СДСМ е единствената партија предводена од лидер кој е спасен од одговорноста за организиран криминал и корупција и затоа нивна цел е деструкција и блокирање на каква било реформа.