Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги слуша барањата на стружани за итно затворање на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги слуша барањата на стружани за итно затворање на депонијата

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, jа загрозуваат летната туристичка сезона, a револтот од граѓаните кон владата на СДС се зголемува, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори. Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на отпадот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија побараа по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонија, која што со денови ги труе стружани. Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека темата за депонијата во Струга е важна и дека не може и не смее да биде замолчена со одземање збор на пратеник.