Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да им помага на граѓаните, СДСМ ги злоупотребува

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да им помага на граѓаните, СДСМ ги злоупотребува

СДСМ влегува од срам во срам, манипулирајќи со судбината на граѓаните на кои им е најтешко во моментов, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Дамјан Манчевски.

„Јавноста денеска дозна дека советниците на СДСМ во февруари 2016 година на седница на Советот на Општина Гази Баба барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во општината и не гласале за одлуката. Пред камери глумат загриженост и хуманост, а зад камерите СДСМ гласа против помош за граѓаните“, пишува во реакцијата на владејачката партија.

Од партијата додаваат дека за погодените во поплавените региони ќе има обесштетување од 100 отсто.

„СДСМ во очајна безидејност, наместо да им помага на граѓаните, се обидува со најдолни манипулации да ги злоупотребува. Од ваквите постапки на СДСМ се срамат сите граѓани на Македонија“, се вели во соопштението.