fbpx

Манчевски: На поплавените да им се дадат по 90.000 денари надомест

-

Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ, денеска побара интервентниот надомест да се зголеми од 30.000 на 90.000 денари. Тој обвини дека власта целосно потфрлила во реакцијата за поплавите.

– За жал, корупцијата и алчноста за пари однесоа човечки животи. Државните институции дејствуваа конфузно и без почитување на процедурите. Не се изврши евакуација на населението. Овие наши сограѓани целосно треба да ги реконструираат своите домови. За девет дена почнува училишната година. На овие семејства им требаат чиста вода, храна, нова облека, книги, училишен прибор. Интервентниот надомест на штета од 30.000 денари кои власта под контрола на Груевски ја планира за настраданите не е доволна. На овие луѓе, кои останаа без ништо, итно им се потребни пари. Бараме интервентниот надомест да се зголеми на 90.000 денари за домаќинство – вели Манчевски.

Тој смета дека за да се обезбедат овие пари, веднаш треба да запре изградбата на панорамското тркало, кое чини 18 милиони евра, кулата на Водно, која чини 12 милиони евра, и барокните фасади во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...