Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето минато

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ

Го поздравуваме фактот што СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето револуционерно минато. Се надеваме дека пожртвуваноста и влогот на револуционерите ќе биде поука СДСМ да престане да биде деструктивен и да почне да работи во полза на интересите на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска.

– Очекуваме дека СДСМ во неделата на одбележување на 13 Ноември ќе покаже доблест и ќе оддааде почит пред новоизградениот споменик посветен на Президиумот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред новиот споменик на партизанскиот генерал Михајло Апостолски, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, првиот претсетадел на Президиумот на АСНОМ, пред новиот споменик на партизанскиот херој Кузман Јосифоски-Питу – се наведува во соопштението.

На тој начин, истакнува партијата на власт, СДСМ ќе покаже дека ја почитува жртвата на овие великани, но и ќе разбере дека сето она што денес го кажаа е невистина и извртена реалност.