Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти

ВМРО-ДПМНЕ: СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестиции и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за доброто на сите граѓани на Република Македонија, СДС продолжува со своите интриги и манипулации кон граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори за да се слушне гласот на граѓаните.