Македонија ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест против приведувањата, во 13.30 часот пред Кривичен суд

ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест против приведувањата, во 13.30 часот пред Кривичен суд

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани што не се согласуваат со, како што велат од партијата, „антидржавната политика на владејачката хунта“, да излезат на протест пред Основниот суд Скопје во 13.30 часот.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и на други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитува пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците“, се вели во партиското соопштение.

Од опозициската партија додаваат дека приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ е обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.