Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за разрешувањето на Зврлевски е целосно незаконска

ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за разрешувањето на Зврлевски е целосно незаконска

Постапката за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски која сакаат да ја истуркаат пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието е целосно незаконска, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој додаде дека „само за да се спаси од кривично гонење за делата како „Поткуп“, Зоран Заев е решен по незаконски пат и надвор од сите законски процедури да го менува Јавниот обвинител, Марко Зврлевски пред избори.“

– Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со процедурата за разрешување на Јавниот обвинител излезе со став кој е јасен и базиран на закон. ВМРО-ДПМНЕ е свесно дека мнозинството во Собранието е одлучено да го разреши Јавниот обвинител и дека тоа е политичка и партиска одлука на Зоран Заев. Одговорноста за носењето на одлука за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски и кршењето на Изборниот закон е целосно врз пратениците на мнозинството предводено од СДС како и Талат Џафери – додаде Данев.