Македонија ВМРО-ДПМНЕ останува единствен избор, Управниот суд ја отфрли тужбата на НДМ

ВМРО-ДПМНЕ останува единствен избор, Управниот суд ја отфрли тужбата на НДМ

Управниот суд ja отфрли тужбата на Народното движење на Македонија (НДМ) поднесена против Државната изборна комисија (ДИК). Имено, НДМ поднесе тужба против одлуката на ДИК затоа што ги отфрли листите на кандидати за пратеници од оваа партија поради тоа што биле нецелосни.

Управниот суд потврди дека шестмина кандидати на НДМ не биле дел од избирачкиот список, по што ги отфрли тужбите како неосновани и ја потврди одлуката на ДИК.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција останува единствениот субјект што ќе учествува во предвремените парламентарни избори на 5 јуни.