Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разврска на судскиот процес за случајот „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги водеше за да обезбеди сопствено спасување од криминалите во кои е до гуша заглавен. Заев едноставно е исплашен. Тој е свесен дека неговите „бомби“ не ја постигнаа целта, односно јавноста уште помалку му верува, па мора со силење и со закани да излегува во јавноста. Доказите за неговата вмешаност во случајот „Пуч“, како и во другите финансиски криминали се цврсти и непобитни. Оттука му останува само со манипулации и со сплеткарења да создава атмосфера дека тој е жртва“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Во соопштението на владејачката партија пишува дека стратегијата на Заев е погубна.

„Вистинското лице на Зоран Заев го виде целокупната јавност во Македонија и тој од тоа не може да избега“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.