Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватниот однос на СДС со пожарите ја однесе првата човечка жртва

ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватниот однос на СДС со пожарите ја однесе првата човечка жртва

„Неадекватниот однос на СДС со пожарите вчера ја однесе првата човечка жртва во скопското село Љуботен, каде е пронајдено изгорено човечко тело. Изгубен е живот кој со навремена реакција на институциите би бил спасен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Беше потребна човечка жртва за владата на Заев да свика координативна седница за пожарите. СДС треба да почне да работи на решавање на проблемите на граѓаните, наместо на доцни вечерни седници да донесува закони кои на шверцерски начин сака да ги спроведе далеку од очите на јавноста. СДС мора да поднесе одговорност за пожарите кои со ненавремено локализирање прераснаа во хаос, а цела Македонија е претворена во едно огромно жариште, што претставува опасност по граѓаните нивниот живот и здравје, но и животната средина“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните од Македонски брод молат за помош и интервенција на државните институции, а Заев наместо да интервенира ситуацијата да се реши во најкус можен рок, вечера низ елитни ресторани во Скопје со странски државници, потпишувајќи штетни договори за македонската држава и нација.