Економија ВМРО-ДПМНЕ: Наводната транспарентност не го прикрива криминалот на функционерите

ВМРО-ДПМНЕ: Наводната транспарентност не го прикрива криминалот на функционерите

Доколку сакаат каква било споредба со власта на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година не треба да кријат од јавноста дека тогаш во време на економска и политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ обезбеди раст на економијата од 2,9 проценти, се вели во реакцијата на партијата на прес-конференцијата на министерот за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.

Од таму додаваат дека „оваа власт има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции.“

„Ниту една бледа прес конференција за наводна транспарентност, не може да ја прикрие информацијата дека двајцата функционери за кои Заев тврдеше дека има сомненија за криминал, се уште се заштитени. Празни прес-конференции не помагаат за да се покријат ветувањата за просечна плата од 30.000 денари и повисоки пензии“, се вели во соопштението.