Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Народот е против федерализацијата што ја договара Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Народот е против федерализацијата што ја договара Заев

Народот се спротиставува на деструктивната политика на СДСМ и на обидот да се разнебити Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.

„Народот е против идеите на раководството на СДСМ за премиер Албанец. Народот е против федерализацијата за која разговарале криминалецот Зоран Заев и албанската дијаспора. Народот е против вандализирањето на македонските спомен-обележја. Криминалецот Зоран Заев го знае тоа и затоа Дамјан Манчевски мора да смислува 1.000 бесмислени причини како СДСМ да избега од избори и како да не се соочи со народот. Вчера и членовите од СДСМ се потпишаа на избирачкиот список, потврдувајќи дека целата конструкција со измислени фантоми била само производ на „Фабриката за афери“ на партнерите во криминал, Заев и Чауш“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека денешната прес-конференција на Дамјан Манчевски е само потврда на последните анкети во кои се гледа дека СДСМ е во агонија и тоне сè подлабоко.

„СДСМ нема никаква поддршка од граѓаните. Им останува само стравот и манипулациите со кои се обидуваат да избегаат од соочување со вистината“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.