Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Наместо 500 евра просечна плата, СДСМ ја намалува платата за 1,3...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо 500 евра просечна плата, СДСМ ја намалува платата за 1,3 отсто

Заев ветуваше „живот“ и 500 евра плата, а по долг период на економски пораст, СДС успеа да ја намали просечната плата за 1,3 отсто два месеци по ред, вели ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тврди дека македонската економија е без кормило и се работи целосно без план, дека инвеститорите се уценувани, а Македонија не е веќе позната по добрите вести, туку по негативните и црни економски извештаи и биланси.

„На Македонија со владата на СДС не ѝ бега рецесија и огромна сиромаштија.Кризата се почувствува и во фирмите. Се бележи пад во домашниот бруто-производ за 1,8 отсто. Откако СДС дојде на власт, нема ниту една странска инвестиција. Се огласи и Народната банка. Таа потврди пад на активноста на банките за 1,6 отсто. СДС успеа да ги задолжат граѓаните за 420 милиони евра, пари кои беа расипнички и неодговорно потрошени. Единствено нешто што граѓаните видоа од тие пари беше луксузирање и партиско вработување“, се вели во партиското соопштение.