Македонија ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба вистински граѓански сектор

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба вистински граѓански сектор

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска повикува на „десоросоизација“ и ги обвинува Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова дека „се само дел од послушниците на аболираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање антидржавната агенда“.

„Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија ѝ треба вистински невладин сектор, кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив“, се вели во соопштението.