Македонија ВМРО-ДПМНЕ: На лидерските средби не разговараме за името

ВМРО-ДПМНЕ: На лидерските средби не разговараме за името

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го негираат тврдењето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека за време на лидерските средби се разговарало и за прашањето за името.

„Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои учествува ВМРО-ДПМНЕ, досега немало никаков предлог за решавање на проблемот за името“, се вели во реакцијата на владејачката партија.