Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ги преиспитаме одлуките на Апелција

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ги преиспитаме одлуките на Апелција

Недозволиво е судот да потклекнува под партиско-политичките притисоци на СДС и на нивната испостава СЈО, вели Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред Апелацискиот суд.

– Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени предвид аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите на СЈО. Оваа хајка во која сега директно се вклучи и судот е крајно тенденциозна и има цел да изврши удар врз функционерите врз самата ВМРО-ДПМНЕ. Овој притисок е оркестриран, дотолку повеќе што во него се вклучија и медиумите блиски до СДС кои сега креваат нова хистерија со барања за апсења. Јасно е дека притисокот на СЈО и на СДС врз судовите ќе продолжи и понатаму – вели Ѓорѓиевски.

Тој порача дека овие одлуки ќе бидат преиспитани кога ќе дојде до промена на власта и дека тогаш секој ќе одговара за своите постапки, вклучително и сите правосудни органи кои спротивно на законот носат одлуки.