Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Јанева покажа дека СЈО функционира како општинска организација на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева покажа дека СЈО функционира како општинска организација на СДСМ

Катица Јанева по стоти пат докажува дека СЈО функционира само како општинска организација на СДС исполнувајќи ги наредбите на Заев и дека сите предмети што досега ги отвори се политички нарачани случаи без ниту еден доказ во нив, обвини денеска на партиска прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Реагирајќи на интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, Стаменковска рече дека тоа било како прес-конференција на член на СДСМ.

– Нејзините ставови не наликуваат на став на правник, јавен обвинител кој треба да работи професионално, непристрасно и врз база на докази, туку наликуваат на ставови искажани од портпарол на криминалецот Зоран Заев. Катица Јанева е соочена со фактичката состојба и со реалноста и сега брза по секоја цена да склопува обвиненија за да ги исполни плановите и желбите на Зоран Заев, но и да го полни својот буџет со плата од 3.000 евра месечно додека во наредниот период траат рочиштата – обвини Стаменковска.

Таа во име на својата партија обвини дека Зоран Заев сакал да се заштити од последици од криминал, па затоа „му треба реизбор на политички подобни судии“. Стаменковска обвини и дека реизборите што ги спомена неодамна Заев биле „за да се оправда целосно непрофесионалното и партизирано работење на СЈО“.