fbpx

Јанева: ВМРО-ДПМНЕ преку криминал и уцени останувала на власт од лукративни причини

-

Во последните 10 години, владејачката партија го злоупотребила избирачкиот процес од лукративни мотиви за да остане на власт, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за „Дојче веле“.

– Моралните вредности во македонското општество се изместени. Тоа го видовме со самиот начин на владеење во последните 10 години и го слушнавме и од јавно објавените, а го слушаме и од необјавените (прислушувани, н.з.) разговори. Најважно е тоа што бил злоупотребен избирачкиот процес од лукративни мотиви за самата владејачка партија да остане на власт. Со криминални дејства ги уценувале финансиерите и правните лица за да добијат финансиски средства за да продолжат да бидат на власт – вели Јанева.

На прашањето дали очекува дека поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде обвинет пред суд, Јанева вели дека се надева дека тоа ќе биде така.

– Ние мораме да ги поднесеме нашите обвиненија за кои имаме докази, но сепак останува одлуката на судот да донесе осудителна или ослободителна пресуда. Ние сме само обвинители, нашата работа е само да собереме докази за одредени криминални дејства на одредени личности и да докажеме дека сите се еднакви пред законите во Македонија – додаде Јанева.

Специјална обвинителка е убедена дека СЈО како институција ќе продолжи со својата работа сè додека не ја заврши својата мисија, односно додека не ги истражи сите снимки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...