Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска на митинг во Карпош, СДСМ во Тетово, ДУИ во Ченто,...

ВМРО-ДПМНЕ денеска на митинг во Карпош, СДСМ во Тетово, ДУИ во Ченто, ДПА во Вруток

Политичките партии веќе четврти ден се во изборна кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска митинзи ќе има во Скопје. Во 17.30 часот коалицијата ќе има митинг во општина Аеродром, а централниот митинг ќе биде во општина Карпош во 20 часот.

Предизборниот караван на СДСМ и на коалицијата денеска ќе биде во Гостивар во 17.30 часот, а централниот настан ќе биде во 19 часот во Тетово.

ДУИ денеска ќе има митинг во населба Ченто во 18 часот, а ДПА ќе биде во село Вртуок во 19.30 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Прилеп, каде претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и носителот на листата во четвртата изборна единица, Слободан Богоески, ќе ја презентираат изборната програма и ќе одржат прес-конференција во 14 часот. Во Кочани и во Берово носителот на листата на оваа коалиција во третата изборна единица, Весна Стоименовска, ќе ја презентира изборната програма и ќе одржи прес-конференција во 11 часот.