Дописници Влатко Костов, нов тренер на ФК Брегалница од Штип

Влатко Костов, нов тренер на ФК Брегалница од Штип

Повратникот од Обединетите Арапски Емирати, штипјанецот Влатко Костов, е новиот тренер на ФК Брегалница. Костов беше промовиран на денешната прес-конференција во општината Штип, која се јавува како главен спонзор на клубот.

Костов најави консолидација на тимот во рамките на сегашните можности, со која ќе направи обид да ја помести Брегалница од претпоследното место на прволигашката табела. Новиот тренер на Брегалница изјави дека нема да се трошат пари на нови и скапи засилувања со играчи, но го здржува правото да повика во тимот играчи кои ќе се вклопат во рамките на буџетот на клубот.

И покрај тоа што Општината годишно одвојува по околу 300.000 евра, Брегалница и натаму останува на дното на табелата.