Економија Власта не ги прифати амандманите за буџетот предложени од ДПА

Власта не ги прифати амандманите за буџетот предложени од ДПА

Без образложение зошто, министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната расправа за буџетот ги одби сите амандмани предложени од опозициската ДПА.

– Министерот не ги кажа изворите за овие средства и затоа ќе знаете дека во април 2016 година ќе има предвремени избори и мислам дека одбивањето на амандманите и ребалансот во исклучително тешко време веднаш те тера да мислиш дека партиите на власт веќе почнаа да се подготвуваат за предизборни кампањи – вели Газменд Алиу од ДПА.

Пратениците од ДПА ја обвинија владејачката коалиција дека воопшто не се грижи за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, особено не им е гајле за лошите услови во кои живеат поголемиот број граѓани Албанци.

– Пари за водовод за училишта и за патишта нема, но за спомениците низ Скопје се трошат милијарди – реагираа од ДПА.