Спорт Спорт Македонија Владо Илиевски пред трансфер во Цибона

Владо Илиевски пред трансфер во Цибона

Илиевски наредната сезона ќе настапува во АБА лигата

Долгогодишниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски, е на добар пат да најде нов клупски ангажман откако беше обелоденето дека искусниот плејмејкер е многу близу до договор со Цибона. Илиевски е без клуб откако по завршувањето на минатата сезона си замина од редовите на чешки Нимбурк, во текот на летово беше поврзуван и со трансфер во Работнички, но не успеа да се договори со најтрофејниот македонски клуб за преселба во „Градски парк“.

Според хрватските медиуми, ова не би требало да биде проблем, па Владо Илиевски до крајот на оваа седмица би требало и официјално да стане нов член на „цибоси“. Ова, всушност, ќе претставува негов камбек во хрватската кошарка, каде пред две сезони го носеше дресот на Цедевита.