Македонија Владите на Македонија и на Србија заедно работат на конкретни проекти

Владите на Македонија и на Србија заедно работат на конкретни проекти

Владите на Македонија и на Србија денеска, по одржувањето на втората по ред заедничка седница, потпишаа седум билатерални договори од областа на економијата, здравството, образованието, културата и на надворешните работи.

Македонскиот премиер, Никола Груевски, истакна дека заедничката седница, по онаа во Белград, е потврда за континуитетот и за одличната соработка меѓу двете држави и дека одличната политичка соработка е основа и за надградување на економските односи, на кои бил ставен најголем акцент на денешната средба.

– Заеднички е заклучокот дека подобро економско поврзување би можело да се оствари преку конкретни проекти и инфраструктурно и енергетско поврзување, како и преку стимулирање на трговската размена, инвестиции и заеднички настап на трети пазари. Двете земји заеднички ќе продолжат со зголемување на активностите на трговската размена и со овозможување на соработката на бизнис-заедниците и прватниот сектор на двете змеји. Преку потпишувањето на поголем број договори, во практика се покажува дека оваа форма на соработка преку заеднички владини седници генерира и реализиација на многу конкретни иницијативи во различни области и на тој начин придонесува за продлаболување на севкупните билатерални односи – рече Груевски.

Неговиот колега, Александар Вучиќ, рече дека, според него, денешната седница била посупешна од онаа одржана во Белград.

– Поуспешна затоа што поблиску се запознавме, некои работи ги конкретизиравме и излеговме не само со овие седум договори, туку и со многу проекти. Разговараме за тоа заеднички да набавуваме вакцини и на тој начин да заштедиме пари во буџетот на двете земји, како и за тоа на кој начин ќе го завршиме прашањето околу коридорот 10 во исто време во септември 2016 година. Мислам дека е од големо значење тоа што работиме многу проекти од областа на енергетиката, како 400 киловолтното поврзување Ниш-Штип. Разговаравме и за гасна интерконекција Врање -Куманово и тоа ќе го направиме бидејќи со тоа отвараме повеќе можности за поврзување на цевководи од каде и да доаѓаат. Истовремено, разговаравме и за изградба на пруга која би водела до територијата на Грција и тоа би било од голем интерес за двете земји – рече Вучиќ.

На прашање од новинар од српската национална телевизија (РТС) во врска со билбордите што ги постави партијата ВМРО-Народна парија, на лидерот Љубчо Геогиевски, против српската доминација во Македонија, Груевски одговори дека тоа е „позиција на вонпараламентарна политичка партија, а не на Владата“.

– Политиката на Владата е да има колку што е можно подобори односи со своите соседи. Србија е еден од соседите со кои имаме одлични односи. Во секое општество има поденици или поединечни политички партии кои поинаку гледаат на одредни нешта и во едно демократко општество тоа не може да се исклучи. Билбордите за кои прашувате беа поставени од една вонпарламентарна политика партија и тоа е нејзина позиција, но тоа не е позиција на Владата на Република Македонија – изјави Груевски.