Македонија Владиниот сајт блокиран поради „технички проблеми“

Владиниот сајт блокиран поради „технички проблеми“

Веќе трет ден интернет страницата на Владата или не се отвора или ако тоа се случи, потребни се долго чекање и повеќе обиди.

Иако се појавија шпекулации за наводен хакерски напад, владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека станува збор за технички проблеми, кои не се посебно сериозни.

Неделава, албански хакери, кои се претставуваат како „Aнонимус Албанија“ тврдеа дека ги хакирале интернет страниците на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд на Република Македонија, а нападнале серија грчки и српски веб-сајтови, како владини, така и на медиумски портали.