Македонија Владина делегација положи свежо цвеќе во чест на бранителите

Владина делегација положи свежо цвеќе во чест на бранителите

Настанот го организираше партијата Достоинство

Фото: Влада на РСМ

Владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија свежо цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт што се случи од 2001 година.

На одбележувањето на 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје присуствуваа, оддадоа почит и положија цвеќе повеќе високи делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите, нивните пријатели и членови на семејствата. Настанот го организираше партијата Достоинство.