fbpx

Oдбележана 19 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

-

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддадоа почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски. Со државнички церемонии беше одбележана 19 годишнината од авионската несреќа, во која животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

„Владата е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заедничко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други определби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската Унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности“, се вели во соопштението од Владата.

На неколку локации денеска беше положено цвеќе и беше изразена почит кон загинатиот претседател на државата – на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, како и на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина.

Цвеќе положија и оддадоа почит прво сопругата на загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, како и делегација од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација од Собранието, делегација на Армијата, како и делегација од Сојузот на борци од НОАВМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
free online course
download redmi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course