Македонија Владата распиша оглас за директори, конзул и за промотори во странство

Владата распиша оглас за директори, конзул и за промотори во странство

Владата на Македонија oбјави  јавен повик за ангажман на четворица раководни функционери, и тоа двајца на високи раководни позиции во Владата и двајца во Агенцијата за привлекување странски инвестиции и за промоција на извозот.

Огласот на Владата е наменет за избор на директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и генерален конзул од Македонија за Минхен, Германија. Сите заинтересирани кандидати што ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријавуваат од денеска до 27 декември.

Другиот оглас за две раководни позиции во Агенцијата за привлекување на странски инвестици се за еден економски промотор за Шангај, Кина, и за еден економски промотор за Монтреал, Канада. Овој оглас ќе трае до 20 декември.

Заинтересираните кандидати кои сакаат да аплицираат за позициите економски промотори, покрај високото образование, треба да имаат одлично познавање на англискиот јазик и да го познаваат јазикот на земјата каде што ќе бидат испратени да ги извршуваат функциите, како и да имаат двегодишно работно искуство.