Македонија Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

Фотографија: Фејсбук-страница на Дирекција за заштита и спасување

Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, информираат од владината прес-служба.

Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на земјава заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, поради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.

За Одлуката ќе бидат известени Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието.

Заради операционализирање на Одлуката, Владата донесе заклучоци на Претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во справување со кризната состојба, на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), му наложи веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Владата донесе заклучок Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба,

Воедно, извршната власт го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на Република Северна Македонија.