Македонија Владата предложи измена и дополнување на Законот за судски такси со што...

Владата предложи измена и дополнување на Законот за судски такси со што таа ќе се намали за седум пати

Фото: архива на Мета.мк

Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.

„Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се  ограничува најмногу до 6.000 денари. Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните,“ информираат од Влада.