Македонија Владата нема информација за посетата на Макрон следниот месец

Владата нема информација за посетата на Макрон следниот месец

Македонските медиуми повикувајќи се на албанските, денеска пишуваат дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги посети Скопје и Тирана следниот месец.

На прашањето на „Мета.мк“ до Владата дали има најава за посета, од таму одговорија дека „таква информација во овој момент немаат“.

Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Македонија, на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама, но не прецизираше кога.