Македонија Владата напладне ќе ја одржи десеттата седница

Владата напладне ќе ја одржи десеттата седница

Денеска со почеток во 12 часот, Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата десетта седница.

На седницата, според информациите од прес-службата, Владата ќе расправа за состојбата и за напредокот во процесот на европската интеграција, за степенот на користење и на имплементација на фондовите од ЕУ, како и за статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и за статусот на реализација на Рамковниот договор.

Владата на денешната седница ќе расправа и по информацијата за преземени активности во насока на реализација на проектот за поддршка на преработувачката индустрија, а ќе бидат разгледани и повеќе информации за тековни активности од областа на угостителството.

Како што информираат од службата за односи со јавноста на Владата, таа на денешната седница ќе разгледа и повеќе иницијативи од интерес на граѓани и на здруженија, како и за кадровски и за други прашања и предлози.