Македонија Владата ќе предложи закон за забрана за греење на јаглен за домаќинствата

Владата ќе предложи закон за забрана за греење на јаглен за домаќинствата

За да се намали загадувањето на воздухот во Македонија, ќе биде усвоен закон со кој ќе се спречи употребата на јаглен од домаќинствата, предупреди денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

– Ќе водиме кампања, ќе дадеме субвенции со еколошки ресурси, со зголемување на енергетската ефикасност. За промената на печките за јаглен и верувам дека и во Собранието ќе имаме консензус дека со закон ќе се сопре употребата на јаглен за греење – рече денеска Макрадули пред донаторската конференцијата каде што ќе биде презентирана двогодишната програма на македонската Влада за намалување на загадувањето на воздухот.