Економија Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалансот на буџетот за 2015 година, соопшти вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Вицепремиерот рече дека се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде што е неопходно во согласност со политиките, мерките и со проектите на Владата, но нагласи дека притоа не се изместени основните макроекономски параметри.

– Појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за домашниот бруто-производ и за движењето на приходната и на расходната страна – рече министерот.

Ставрески рече дека БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен пораст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП и додаде дека буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција и оти кај приходната страна буџетските приходи се подобри од проектираните.