Македонија Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на...

Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на изборите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието, и нема да се одработува.

„Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74. седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни избори,“ се вели во соопштението.