Македонија Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, хронично болните се...

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, хронично болните се враќаат на работа

Фото: Мета.мк

На третата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кои се однесуваа на вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи.

„Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата,“ се вели во соопштението на Влада.