Македонија Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

Фото: Kate Remmer on Unsplash

До крајот на јануари цените на основните прехранбени продукти нема да се зголемуваат. На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе одлука цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото место за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата да останат на ниво од 1 декември.

Во зависност од состојбите, доколку има потреба, трањето на оваа одлука ќе биде продолжено. Замрзнувањето на цените на основните продукти е поттикнато од здравствената и енергетската криза во светот како и потрошувачката моќ на граѓаните.