Македонија Владата ќе помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам

Владата ќе помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам

Владата на денешната 130. седница донела одлука да се вклучи во поддршката за реставрација на катедралата Нотр Дам.

„Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење“, информираат од Владата.