Македонија Вкупно 1.720 пациенти од ковид-19 се лекуваат по болниците, има околу 230...

Вкупно 1.720 пациенти од ковид-19 се лекуваат по болниците, има околу 230 празни болнички кревети

Фото: Министерство за здравство

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.021 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерство за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.720 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 136, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.