Македонија Вицепремиерот за европски прашања Адеми на средба со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Вицепремиерот за европски прашања Адеми на средба со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Арбер Адеми, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Европска Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

Од кабинетот на Адеми информираа дека за време на средбата соговорниците разговарале за политичката состојба во земјата и за тоа колку е важно парламентарните избори во декември да бидат демократски. Исто така, посочено било и дека треба да се исполнат обврските што произлегуваат од итните реформски приоритети.

Соговорниците се согласиле и за важноста од продолжување на координативните состаноци за да се обезбеди поефикасно планирање и искористување на ЕУ-фондовите.