Македонија Вицепремиерот Бесими на работна средба во Австрија

Вицепремиерот Бесими на работна средба во Австрија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, престојува во работна посета на Република Австрија, каде што се сретна со министерот за Европа, интеграција и за надворешни работи, Себастијан Курц.

– Поддршката од страна на Австрија е од суштинско значење за Македонија, истата e зајакната и со донесувањето на Акцискиот план Австрија – Македонија, во текот на Вашата посета на земјата во февруари – истакнал Бесими.

На средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се разговарало и за евроинтегративниот процес на земјата.