Македонија „Оне-Вип“: Има проблеми поради прекин на главните оптички врски

„Оне-Вип“: Има проблеми поради прекин на главните оптички врски

Корисниците на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип“ претпладнево се жалат на прекин на мрежата и невозможност за остварување телефонски повици како и употреба на интернет.

Од „Оне-Вип“ велат дека се соочуваат со проблем поради прекин на главните оптички врски.

„Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување на повици кон мрежата на ‘Оне-Вип’ и проблем со употреба на интернет сервисите. Нашите екипи веќе работат на отстранување на потешкотиите во најбрз можен рок. Ви благодариме на разбирањето“, велат од „Оне-Вип“.