Спорт Спорт Свет Вилијамс ја совлада Шарапова и се пласира во финалето на Вимблдон

Вилијамс ја совлада Шарапова и се пласира во финалето на Вимблдон

Најдобрата тенисерка во светот, Серена Вилијамс, ја совлада Марија Шарапова и го обезбеди своето осмо финале на Вимблдон.

Иако се очекуваше неизвесна борба меѓу овие две големи ривалки, Вилијамс за само 78 минути успеа да ја победи Шарапова, во сетови со 6:2 и со 6:4.

В сабота, финалето ќе го игра со Шпанката Гарбиње Мугуруза Бланко и ќе се бори за својата шеста титула на Вимблдон.