Свет Балкан Викендов спасени околу 2.500 мигранти во Егејско Море

Викендов спасени околу 2.500 мигранти во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека викендов, во неколку десетини операции во Егејско Море, спасила речиси 2.500 бегалци од Африка и од Азија кои се обиделе да дојдат до Европа.

Крајбрежната стража, од петокот до денеска, спасила 2.492 лица во 70 операции кај источните грчки острови Лезбос, Хиос, Самос, Агатонизи, Фрамаконизи, Кос и Сими.

Во посебна спасувачка акција, стражата спасила уште 13 лица кои локалното население ги забележало во близина на пристаништето кај островот Хиос.