Македонија Викендов прво авионско прскање против комарци

Викендов прво авионско прскање против комарци

Првото авионско прскање против комарци на територијата на Град Скопје ќе се одвива во сабота и недела во раните утрински часови, информираат од градската администрација.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.