Македонија Врнежливо време за викендот

Врнежливо време за викендот

Есен

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во утринските часови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови ќе има зголемено наоблачување, со можен краткотраен дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи променливо облачно, со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и со појава на магла по котлините и во речните долини. Температурата на воздухот нема значително да се промени.