Македонија Викендов четврто прскање против комарци

Викендов четврто прскање против комарци

Претстојниот Град Скопје ќе ја изврши четвртата авионска и терестричната дезинсекција против комарци.

„Четвртиот наврат на авионска дезинсекција во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на во сабота и недела, во период од 05.30 до 08 часот. Четвртиот наврат на терестрична дезинсекција во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива од недела до четврток, во период од 23 до 04 часот наредниот ден“, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.