Култура „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 18 јуни

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 18 јуни

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“, годинава осми пат ќе се одржи на 18 јуни (четврток), повторно во Градскиот парк во 21 часот.

Овојпат, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“, кој во една вечер ќе донесе хитови од најпознатите филмувани мјузикли.

Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, додека солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс.

И овојпат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат двајца ликовни уметници, Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.

На настанот ќе бидат поделени и 20.000 примероци од книгата „Фигури“ од чешкиот новинар, писател и поет Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19 век.