Забава Видеозапис на „ДНК“ за новата песна „Најмила”

Видеозапис на „ДНК“ за новата песна „Најмила”

По промоцијата на „Најмила“, која веќе неколку недели е во медиумскиот етер и е вистински хит, стигнува и видеозаписот за најновата песна на „ДНК“.

Главните улоги во видеоспотот се на Андреј, Панчо и на Катарина Ивановска. Интересно, во него се појавуваат не една, туку две Катарини! Видеозаписот се снимаше во „Брик бар“, апартман во Скопје и на Водно, а на него се потпиша „Томато продукција“.