Свет Балкан (ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор.

Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца.

Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража и хеликоптер.